СИМБИОТСКИ МРЕЖИ ЗА ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНСКИ ОТПАД

КРАТОК ОПИС

Проектот СИМБИОЗА промовира повторно производство, повторна употреба и рециклирање, и го трансформира отпадот на една индустрија во суровина и/или гориво на друга, за да го отвори патот за подобра циркуларна економија на регионите, каде отпадот е елиминиран и ресурсите се користат на ефикасен и одржлив начин. Директните корисници на проектот СИМБИОЗА ќе бидат “производители” и “корисници” на био-отпад кои вклучуваат голем број компании и агро-индустрии во прекуграничната област. Заедничката платформа на проектот СИМБИОЗА ќе ја усогласи “понудата” со “побарувачката” на био отпадот создавајќи синергии и деловни можности кои обезбедуваат ново решение за експлоатација на био-отпад. Целта е вистинското усогласување на тие компании и склучувањето договори за соработка меѓу нив. Покрај тоа, локалните власти одговорни за управување со отпадот ќе спроведат пилот-тестирање за експлоатација на урбаниот и агро-отпадот и ќе ги развијат своите акциони планови за управување со био-отпад и третман на истиот. Последно, но не и најмалку важно, експертите ќе спроведат студии за влијанието на проектот врз животната средина и економијата во регионите учесници во проектот.

Главната цел на проектот е да се воспостави интегрирана, одржлива шема за управување со био-отпадот и трговија помеѓу  регионите партнери на Западна Македонија во Грција (поранешен префект на Флорина) и општинските области на Битола и Новаци во Република Северна Македонија притоа следeјќи го концептот на индустриска симбиоза. Проектот СИМБИОЗА  ќе развие симбиотски мрежи кои ги спојуваат компаниите и засегнатите страни од сите деловни сектори, со цел да се подобри меѓуиндустриската ефикасност на ресурсите преку тргување со материјали и споделување на средствата на еколошки одржлив начин.

Планирањето и инфраструктурите за регионален развој, како и услугите за усогласување и искористување се клучните средства во проектот СИМБИОЗА за поставување на ефективни синџири за снабдување со биомаса. Специфичните цели на проектот се:

  • Да се воспостави меѓуинустриска ефикасност на ресурси преку тргување со органски материјал и споделување на средства;
  • Да се воспостават индустриску одржливи мрежи особено во агро-прехрамбената индустрија;
  • Да се постигни максимална ефикасност во искористување на енергијата и водата;
  • Да има референтна точка каде понудата ќе се усогласи со побарувачката на материјали од био отпад во областите на прекугранична соработка;
  • Да се подобрат локалните политики за управување со тековите на био-отпад и да се справи со ова прашање поединечно, следејќи ги насоките на политиката на ЕУ за помалку био-отпад на депониите и подобро искористување за други намени;
  • Да се подобрат придобивките за животната средина преку намалување на тековите на био-отпад отстрануванувани на депонии;
  • Да генерираат конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био-ресурси од прехранбената индустрија во корист на социјални активности;
  • Да се подобри соработката меѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област со што ќе се подобрат локалните економии и ќе се унапреди претприемништвото;
  • Да се поддржат локалните економии преку зачувување на суровини или гориво од био-отпад;
  • Да се поттикне создавањето работни места во регионите преку истражување на трговските можности и искористување на отпадот како ресурс.

Времетраење

09/05/2018-08/05/2020

Буџет

898.858,33 €

Start typing and press Enter to search