ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014 TC 16 I5CB 009

ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014 TC 16 I5CB 009 е програма за прекугранична соработка кофинансирана од Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). Стратегиската изјава на Програмата е “да ја подобри територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и можностите за вработување кои се однесуваат на животната средина и со користење на природните ресурси за надградба на туристичкиот производ”. Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година изнесува 45.470.066,00 €.

Оваа област каде што се наоѓаат Солун, Килкис, Едеса, Флорина и Пела и Вардар, Пелагонија, Југоисток и Југозапад е етапа за заеднички активности на нашите земји. Нашата заедничка програма ги овластува јавните власти, приватните непрофитни организации и други институции, како и граѓаните да работат заедно на заеднички предизвици и проблеми, барајќи попаметни решенија кои можат подобро да се постигнат кога соработуваме.

Нашите проблеми може да бидат одделни или различни, но нашите постапки се заеднички. Тоа е соработка која нè учи да бараме соработка, да ги здружуваме силите и да споделуваме активности во сите сектори од заеднички интерес, како што се конкурентност, животна средина, туризам, транспорт, вработување, здравствени и социјални прашања. Европската унија, Грција и Република Северна Македонија нудат повеќе од 45.000.000 €, од 2014 до 2020 година за поддршка на нашата работа. Од создавање на нови работни места за почитување на животната средина во нашата област, заеднички ние учиме да се разбереме едни со други. Нашата заедничка цел е подобар секојдневен живот.

Програмата е изградена врз следните две приоритетни оски кои ги одразуваат идентификуваните потреби и предизвици; Приоритетна оска 1: Развој и поддршка на локалната економија Приоритетна оска 2: Заштита на животната средина – Транспорт

Start typing and press Enter to search