РП1 Управување и координација на проектот

Целта на овој РП е непреченото спроведување на проектот, континуирана контрола и следење на напредокот на проектот и потребните прилагодувања на планот на проектот, доколку истите се неопходни.

Вклучува:

1.2 Секојдневно управување и координација на проектот
1.3 Доставување на извештаи за проектот, вклучувајќи ги сите достигнувања на проектот, мерливи аутпути и непосредни резултати
1.4 Развој и аналитички план за работа, вклучувајќи го временскиот план за акција (Гант-чарт)

РП 2 Комуникација и десеминација

Целта на оваа РП е да ги пренесе резултатите од проектот на локалните засегнати страни и на директните корисници на проектните алатки и способности. Покрај тоа, приоритет е поставувањето на јавен дијалог со локалните заедници и нивна сензибилизација за третман и експлоатација на био-отпад.

Вклучува:

2.1 Воспоставување на социјален дијалог и обуки
2.2 Да се воспостави база на податоци на директни и индиректни корисници кои ќе се информираат преку електронски билтени (на квартална основа, вкупно 8)
2.3 Развој на комуникациски центар вклучувајќи официјална веб страна на проектот, најмалку 3 врски со социјалните медиуми, 4 статии на база на семестар, редакција, врска со Симбиоза платформата
2.4 Подготовка, организација и реализација на Финалната проектна конференција во Битола. Развој на информативна брошура (вклучувајќи флаер, брошура со главните резултати на проектот, 1 ДВД со материјали од проектот, мемори стик во 200 примероци)

РП 3 Собирање и управување со податоци за тековите на био-отпад

Целта на овој РП е да ги собере сите информации за производството на био отпад и неговата употреба. По собирањето на информациите ќе се спроведе анализа за економските и еколошките придобивки од спроведувањето на меѓусекторската употреба на био отпадот.

Вклучува:

3.1. Мапирање, мерење на сите текови на био-отпад, добиени од агро-прехранбениот индустриски сектор (одлив)
3.2. Евиденција и анализа на потребите на меѓусекторските индустрии за суровини и ресурси базирани на дрво, на пр. оранжерии (прилив)
3.3. Студија за економските придобивки за регионалните економии преку работењето на Симбиоза платформата
3.4. Испитување и проучување на придобивките за животната средина од Симбиоза мрежата

РП 4 Развој и опреативност на Симбиоза платформата

Целта на овој РП е развојот на моќна алатка за постигнување на ресурсна ефикасност во областите на прекугранична соработка.

Вклучува:

4.1 Развојот на Симбиоза платформата со интеграција на податоците од РП3
4.2 Тестирање и оперативност на Симбиоза платформата
4.3. Поврзување на понудата и побарувачката на текови на био-отпад на меѓусекторско ниво во грчката проектна област
4.4 Подготовка на образецот за правно обврзувачкиот договор за био-отпад и продолжување со поврзувањето и склучување на деловните договори во проектните области на Северна Македонија
4.5 Обука на локалните корисници за користењето на платформата и континуирано ажурирање

РП 5 Развој на Акционен План за експлоатација на био отпад

Ќе се изработи Акционен План за интеграција на симбиотските мрежи во регионалните стратегии

Вклучува:

5.1 Извештај за националните политики за управување со отпад и моменталното ниво на имплементација на истите на регионално ниво (Објаснување на лошите резултати во третманот и рециклирањето на био отпадот)
5.2 Развој на Акционен План за интеграција на симбиотските мрежи во регионалните стратегии
5.3 Кон циркуларна економија: Како целосното искористување на био отпадот може да го поддржи вработувањето и регионалниот БДП

РП 6 Пилот активности за компостирање на отпад

Пилот активностите на компостирање на отпад ќе бидат имплементирани во  СИМБИОЗА областа.

Вклучува:

6.1 Техничка студија за постапката за компостирање / објект во Битола
6.2  Извршување на сите неопходни набавки на опрема, материјали и активности
6.3 Набавка на опремата и нејзино доведување на оперативно ниво
6.4 Обука на персоналот за користење на компостерите и возилото за отпад
6.5 Поставување на органските компостери во избраните области. Пилот имплементација на единиците за компостирање за 6m. Извештај за операцијата

Start typing and press Enter to search